1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Не само пофалби, туку напредок во евроинтеграциите“

СН/бг/мф19 декември 2013

Британскиот европратеник и известувач за Македонија при Европскиот парламент, Ричард Хауит е незадоволен од одлуката на Македонија повторно да не и биде доделен датум за почеток на преговорите со Европската унија.

https://p.dw.com/p/1AcNq
Richard Howitt
Фотографија: Getty Images

Британскиот пратеник во Европскиот парламент, Ричард Хауит во реакцијата на одлуката на Советот за општи работи на ЕУ истакна дека она што е потребно за Македонија е напредок во евроинтеграциите, а не само пофалби дека успешно ги завршила неопходните реформи.

„Советот ја пофали земјата поради отстранувањето на недостатоците во судството и борбата против корупцијата, но не се потребни пофалби, туку потребен е напредок. Меѓутоа, земјите членки сега ги нотираа областите каде треба да се постигне напредок, и ги повикувам сите во земјата да се соочат со овие предизвици, и 2014 година да не биде уште една изгубена година за амбициите во евроинтеграциите“, изјави Хауит.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во вторникот (17.12) одлучи дека прашањето за Македонија ќе се повторно ќе се разгледа идната година, притоа игнорирајќи ја позитивната препорака од Европската комисија за отворање на пристапните преговори за членство.

Она што сега му преостанува на Европскиот совет пак, е на дводневниот Самитот кој започнува денеска во Брисел да го повтори овој заклучок, со што земјата веќе петта година по ред нема да ги започне преговорите за членство.