1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николас Барнс за Косово

15 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CEBq

Американскиот постекеретар за надворешни работи, Николас Барнс изрази надеж дека Белград и Приштина до 10 декември сепак ќе успеат да изнајдат заемно прифатливо решение за статусот на Косово, зашто во спротивно меѓународната заедница ќе мора да ја преземе одговорноста. Според него, до колку не биде постигната согласност, најдобро решение е надгледувана независност врз основа на планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации, Марти Ахтисари. Тој исто така изјави дека не гелда причина за избувнување немири на Косово и изрази надеж дека Србија нема да се обиде да предизвика нестабилност во северниот дел на покраината.