1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николиќ би посредувал меѓу Скопје и Атина

ЖА/миа/бета28 декември 2012

Претседателот на Србија Томислав Николиќ има намера да помогне во спорот за името меѓу Македонија и Грција, којшто го блокира патот на Скопје кон ЕУ.

https://p.dw.com/p/17As7
Фотографија: Reuters

„Патував во двете држави и разговарав со претседателите и премиерите. Спорот е голем и ми се чини дека може да биде решен кога и едните и другите би сфатиле дека со тврдоглаво инсистирање нема никаде да стигнат“, изјави Николоќи во интервју за српската агенција Бета.

Тој додава дека очекува средба со грчкиот и со македонскиот претседател, кој би бил нивен разговор после могу време.

„Им реков и на едните и на другите дека стојам на располагање, но ако бидам замолен да предложам решение тоа нема да биде прифатливо само за едните или само за другите. Балканот повеќе не смее да биде место на судири. Додека ние стоиме другите отидоа далеку напред“, изјави српскиот претседател Николиќ.