1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николиќ: Грција ќе се избори со кризата

ЕМФ/макфакс/бета9 ноември 2012

Српскиот претседател Томислав Николиќ изрази уверување дека Грција ќе излезе од економската криза. Тој денеска (09.11) во Атина разговараше со грчкиот претседател Каролос Папуљас.

https://p.dw.com/p/16g4C
Фотографија: Reuters

„Грчкиот народ научил да се жртвува и Грција ќе излезе од оваа ситуација“, рече српскиот претседател Томислав Николиќ на почетокот на средбата со грчкиот претседател Каролос Папуљас.

Грчкиот претседател исто така изрези увереност дека земјата ќе ја надмине кризата: „Грција минува низ длабока економска криза со надеж дека ќе ја надмине. Се надевам дека од кризата ќе излеземе посилни“, рече Папуљас.

Папуљас и Николиќ ги истакнале историските врски меѓу Грција и Србија и оцениле дека на нив не влијаат промените, како што пренесуваат грчките медиуми, „ниту на личностите, ниту на режимите“.

Николиќ во текот на денот ќе има работен ручек со грчкиот премиер Антонис Самарас, а ќе се сретне и со претседателот на ПАСОК Евангелос Венизелос.