1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николиќ за прекинот на разговорите ја обвини Приштина

ЕМФ/бета9 мај 2013

Српскиот претседател Николиќ изјави дека разговорите на преговарачките тимови на Белград и Приштина биле прекинати „поради тоа што не е остварен албанскиот план“ да се заборави договорот за нормализација на односите.

https://p.dw.com/p/18Ulf
Фотографија: Reuters

Српскиот претседател Томислав Николиќ за Радиотелевизија Србија (РТС) оцени дека поради инсистирање на Албанците за толкување на договорот Белград-Приштина на нивен начин, ќе се види дали Србија ќе ја загуби приликата за добивање датум за преговори со ЕУ. Според него, време е и луѓето кои ја водат ЕУ „да станат сериозни“ и да кажат отворено што сакаат, како и да престанат да се кријат зад своите чиновници.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ претходно изрази уверување дека планот за имплементација на договорот за нормализација на односите на Белград и Приштина ќе биде завршен за седум до десет дена. Според Дачиќ, во втората половина на мај би требало да продолжи дијалогот со Приштина на највисоко ниво, а претстојат разговори за имотот, враќање на раселените, заштита на црквите и културните добра, како и за прашањата на амнестија, енергетика и телекомуникации.

Шефот на работната група на Приштина на разговорите за примена на договорот во Брисел изјави дека вчера и завчера (07/08.05) во Брисел не дошло до договор затоа што српската страна излегла со нови барања за кои не може да се расправа.