1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николиќ: Косово никогаш нема да биде држава

БГ/макфакс3 мај 2013

Српскиот претседател во интервју за израелскиот весник „Џерузалим пост“ изјави дека Белград никогаш нема да ја признае независноста на Косово

https://p.dw.com/p/18Rz8
Фотографија: Reuters

Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави за „Џерузалим пост“ дека Косово никогаш нема да биде држава бидејќи тоа не може да се случи без согласност на Србија.

„Знаеме дека Србија ќе биде под притисок да го признае Косово, но ние никогаш нема да го направиме тоа и без согласност на Србија, Косово нема да биде држава, изјави Николиќ. 

Тој додаде дека притисокот е од „економска природа“.

„Секако, ЕУ ќе рече ако го признаеме Косово нашите деца ќе имаат многу подобра иднина. Но, ние тоа не можеме да го направиме. Не се работи за национализам, не се работи ниту за омраза. Се работи за љубов – љубов кон нашиот сопствен народ, за нашата држава, изјави Николиќ.

Во врска со неодамна потпишаниот договор со Приштина, тој вели: 

„Бевме соочени со дилема – дали да бидеме во постојан судир со Албанците или да го  решиме тоа прашање. Немавме многу моќ во наши раце. Имавме добри аргументи и правда на наша страна, но меѓународните медиуми ги поддржуваат Албанците многу отворено. Во текот на годините, нашиот народ беше приморан да го напушта Косово и ако се дозволи тоа да продолжи – еден ден можеби би се разбудиле и сфатиле дека таму нема веќе наш народ. Заради тоа се одлучивме да ги подигнеме преговорите на највисоко можно ниво“.