1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николиќ – оставка

14 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag4Z

Само неколку дена по неговиот избор за претседател ма српскиот парламент, радикалот Томислав Николиќ поднесе оставка. На тој начин Николиќ го отвори патот за составување нова влада во земјата. Николиќ оставката ја поднесе пред пратениците да се изјаснат за негово разрешување. Изборот на радикалот за претседател на парламентот предизвика загриженост за западот дека Србија би можела повторно да се најде во изолација. Раководствата на демократските партии во петокот постигнаа согласност за состав на влада во која нема да учествуваат радикалите.