1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николиќ: Судирите на Косово мора да сопрат

АТ/ миа/ бета2 јуни 2012

Претседателот на Србија Томислав Николиќ оценува дека е важно да се запрат судирите на Косово и да се смират граѓаните. Косовската влада ја поддржа вчерашната акција на КФОР кај Рударе.

https://p.dw.com/p/156qb
Фотографија: Reuters

Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека мораат да се запрат судирите на Косово и дека е важно да се отстрани стравот кај граѓаните. Николиќ во изјавата за РТС подвлекува дека продолжување на разговорите е единствениот начин за конечно да се дознае што е договорено, а што злоупотребуваат институциите во Приштина.

Советот за национална безбедност на Србија, со кој претседава Николиќ ги повика УНМИК, КФОР и ЕУЛЕКС да ги спречат обидите на властите во Приштина „да предизвикаат нестабилност и страв меѓу српското население“ и „да се воздржат од примена на сила кон незаштитените граѓани на Покраината“.

Косовската влада од своја страна вчера ја поддржа акцијата на КФОР кај Рударе на северот на Косово и ги осуди нападите и ранувањата на неговите припадници.

„Владата високо го оценува ангажманот на силите на КФОР за отстранување на барикадите кај селото Рударе, за да се овозможи слободно движење на граѓаните и на овој дел од Косово“, се наведува во изјавата на косовската влада.

Владата на Косово ги повика граѓаните од севрот на земјата да сорабиотуваат со КФОР и наведе дека отстранувањето на барикадите од патиштата подразбира и отстранување на стравот кај тамошното население и можност за норманлен живот.