1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц во Атина наредната недела

8 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C5cw

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани денеска изјави дека специјалниот посредник на ОН во спорот за уставното име на Македонија, Метју Нимиц, во текот на наредната недела ќе ја посети Атина. Бакојани вчера во Берлин по разговорите со германскиот колега Франк Валтер Штајнамер изјави дека доколку постои вистинска и позитивна настроеност кон Европа и Алијансата треба да се надмине овој проблем. Таа додаде дека Алијасната бара добри меѓусоседски односи. Штајнамер од своја страна изјави дека станува збор за сериозен спор, но изрази надеж дека двете страни ќе најдат решение.