1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц во Грција и во Македонија во почетокот на јануари

ЖА/миа21 декември 2012

Посредникот на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, ќе допатува во регионот на 8 јануари.

https://p.dw.com/p/177Ja
Фотографија: MIA

Најавено е дека Нимиц во Атина и во Скопје ќе има средби со високи претставници на владите на двете земји, со цел да се забрза процесот за изнаоѓање на заемно прифатливо решение на спорот за името.

Според најавата од службата за односи со јавноста на Обединетите нации, посетата ќе биде надополнување на разговорите кои Нимиц ги имаше со двајцата посредници за решавање на спорот, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, во Њујорк во ноември (фото горе).

Нимиц во септември во Њујорк, за време на Генералното собрание на Обединетите нации, имаше средби и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос, кои се сретнаа и со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.