1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц во Скопје само со идеи

Александар Чомовски28 јуни 2008

Посредникот на ОН во спорот околу името, Метју Нимиц, разговараше со македонскиот државен врв по што најави дека следува долго преговарачко лето.

https://p.dw.com/p/ESL0
Метју Нимиц пред новинарите во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Метју Нимиц во Скопје не донесе конкретни предлози. Нема рокови за решение на спорот туку само најава за нови преговори во текот на летото. Посредникот на ОН оцени дека референдум за името е компликуван начин за носење одлуки.