1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц во Скопје

Александар Чомовски21 август 2008

Во Скопје официјално се молчи околку најновата компромисна формула која би била решение за спорот со името - Северна Република Македонија или само Северна Македонија, со пакет мерки за добрососедски односи со Грција.

https://p.dw.com/p/F237
Метју Нимиц - што носи овојпат?Фотографија: Macedonian Information Agency

Ова име беше меѓу петте предлози што посредникот на ОН, Метју Нимиц ги иницираше пред самитот на НАТО во Букурешт. Медијаторот денес (21.08.2008) има одделни средби со претседателот и премиерот, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, иако двајцата завчера, на блиц средба, наводно ја усогласиле заедничката стратегија на Македонија околу најновиот предлог на Нимиц.

Нимиц утре од Скопје заминува за Солун, на средба со грчкиот преговарач во спорот околу името, Адамантиос Василакис.