Нимиц закажа нова средба во Њујорк
15 јануари 2013Реклама
Посредникот во разговорите за името, амбасадорот Метју Нимиц, ги повика претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис на нова рунда разговори во Њујорк на 29 и 30 јануари, соопшти службата за информирање на Обединетите нации.
Предвидени се одделни средби на Нимиц со Јолевски и со Василакис, а потоа заедничка средба. Согласно информацијата од Обединетите нации, целта на средбата е да се продолжат дискусиите започнати на средбите на Нимиц со високите претставници на двете држави при неговата посета на Македонија и на Грција.