1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц ќе биде дочекан со државна стратегија за името

9 февруари 2010

Македонија на веќе најавената посета на Скопје од медијаторот Метју Нимиц на 23 февруари ќе настапи со изградената државна стратегија, изјави денеска (09.02.2010 претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

https://p.dw.com/p/LxCo
Ѓорге ИвановФотографија: Petr Stojanovski

„Не може да се прецизира, но Нимиц секогаш доаѓа со, на некој начин укажување на тоа што го знае од двете страни. Тој ги знае нашите и грчките позиции и веројатно ќе настапи со она што мисли дека треба тие две страни да преземат за да се дојде до некое решение“, посочи Иванов по одржаниот брифинг во Министерството за одбрана за борбената готовност на АРМ во 2009 година.

Тој потенцира дека државниот врв има постојана координација и веќе му ги има кажано сите ставови на македонскиот посредник-амбасадорот Зоран Јолевски, кој во контактите што ги остварува со Нимиц, ги изнесува тие позиции.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа