1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нирнберг и Франкфурт победници на фудбалските купови во Германија

28 мај 2007

Новиот германски шампион Штутгарт не успеа да освои двојна круна. Во финалето на купот во Берлин Нирнберг го совлада Штутгарт со 3 спрема 2 во продолжението. Во женска конкуренција Франкфурт го совлада Дуизбург на пенали со 4 спрема 1.

https://p.dw.com/p/Anz2
Радост без крај: фудбалерите на Нирнберг - освојувачи на германскиот куп
Радост без крај: фудбалерите на Нирнберг - освојувачи на германскиот купФотографија: AP

Финалната битка траеше цели два часа – по регулраните 90 минути резултатот беше 2 спрема 2. Клучна фигура беше напаѓачот на Штутгарт Какау – прво ја доведе својата екипа во водство, а потоа направи неспортски потег – со тупаница удри противнички играч и беше ислучен. И покрај тоа, Штутгарт добро се држеше, но бројната предност на Нирнберг беше пресудна кога исцрпеноста стана видлива кај актерите. Решавачкиот гол го постигна Кристијансен со прекрасен удар во 109-та минута.

Маркус Шрот од побединчката екипа по натпреварот оцени:

„Повторно прикажавме многу добра игра. Игравме слично како во целата сезона. Мислам дека тоа беше клуч на успехот, иако самите малку си ја отежнавме работата„.

Фудбалерот на Штутграт Томас Хицлсбергер од свој агол, со оценка:

„Разочарани сме што загубивме, но сепак сме задоволни од текот на целата сезона и му честитаме на Нирнберг.Заслужено победија„.

Тренерот на победничката екипа Ханс Мајер:

„Сметајте на тоа дека во наредните денови уште еднаш ќе доживееме вистинска еуфорија„.

Така и беше. Илјадници навивачи на Нирнберг вчера на својата екипа и приредија неверојатен пречек, зашто сепак станува збор за прва титула по цели 39 години. Освен тоа, екипата ќе се појави и во натпреварите за купот на УЕФА.

Неизвесност донесе и женското финале на купот: во регуларниот тек беше 1 спрема 1, а при изведувањето пенали Франкфурт беше поуспешен до Дуизбург и победи со 4 спрема 1. Напаѓачката на Франкфурт со рекорден број настапи за германската репрезенатција Биргит Принц по натпреварот изјави:

„Сметам дека многу суверено ги изведовме пеналите, а нашиот голман одлично бранеше. Инаку, не игравме како што посакувавме, ниту натпреварот беше убав за публиката. На крајот сепак среќно победивме„.

Во формула еден вчера се возеше, како што велат експертите, најздодевната и во исто време највозбудлвата трка на сезната: по улиците на кнежевтството Монако. Актуелниот светски првак Фернандо Алонзо и неговиот колега од Мекларен мерцедес Луис Хамилтон обезбедија двојна победа за својата екипа, и се израмнија по бројот бодови на првото место, обајцата имаат по 38, со тоа што Алонзо води, поради двете победи: во Малезија и оваа вчерашната. Убедливоста е до толку поголема што најжестокиот противник Ферари со болидот на Фелипе Маса стигна само до третото место, но со преку една минута заостанување. Вториот возач на Ферари, Кими Раиконен, кој поради лошото возење во квалификациите стартуваше од 16-тата позиција, успеа да освои бод стигнувајќи до осмата позиција. Кај конструкторите Мекларен Мерцедес ја зголеми предноста и сега има вкупно 76 бода, пред Ферари со 56.