1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ни треба перид за подготовка за членство

Горан Петрески8 јуни 2006

Во Скопје им аглавно позитивни реакции на изјавата на Оли Рен дека новото проширување на ЕУ нема да биде пред 2010 година

https://p.dw.com/p/Addd
Фотографија: dpa

Официјалните и експертските кругови во Скопје позитивно ја оценуваат изјавата на еврокомесарот за проширување Оли Рен дека следниот круг проширување нема да се случи пред 2010 година и тогаш само Хрватска доаѓа предвид.За власта тоа не е хендикеп,на Македонија реално и требаат тие четири години за да си ги заврши работите и да се подготви за членство.СДСМ ветува дека ако победи на изборите,во првата година ќе обезбеди датум за старт на преговорите за членство.Вицепремиерката за интеграции Радмила Шеќеринска вели:

-Реално амбиција која може да се оствари е до 2010 година да бидеме подготвени за членство.Сметаме дека ова е најважната работа која Макеоднија мора да си ја зацрта и да си ја реализира.Бидејќи тој дел зависи од нас.Моментот на членство зависи и од нас,од нашиот успех,но и од членките на ЕУ.

Претходникот на Шеќеринска,Либералот Зоран Крстевски за Дојче Веле изјави:

-Тоа е добра вест за Република Македонија бидејќи нашиот договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ завршува во 2010 година,а ние дотогаш треба да ги завршиме т.н. домашни задачи.

Ваквите изјави го амортизираат она што вчера личеше на нов студен туш за Македонија.Во неа навистина има напредок во споредба со останатите земји од регионот,ќе дојде време за ново проширување на ЕУ со нови членки и за подготовка на прием на вашата земја,еден ден,рече директорот на Управата на Европската комисија за проширување,Пјер Мирел.Ниту во Брисел ниту во Скопје никој не сака да шпекулира со датуми.Воздржани се и експертите.Иван Дамјановски,магистер по евроинтеграции од Институтот за демократија вели дека Македонија не може да го загрози апсорпцискиот капацитет на Унијата.

-Да не се лажеме,главниот проблем тука е проширувањето со Турција.

За Македонија прв тест и услов за започнување на преговорите за прием се претстојните избори.по последната изјава на Рен,станува јасно дека Македонија заедно со Турција и останатите држави од Западен Балкан своите шанси за прием ќе ги бара во идната деценија.