Нобеловиот медал на празното столче на Шијаобо
10 декември 2010„Жалиме што лауреатот не е присутен. Тоj е во затвор, во изолација, во североисточна Кина. Со нас не можеа да бидат ниту сопругата на Лиу, ниту кој било друг близок роднина. Затоа денеска не можат да бидат врачени ни медалот, ниту дипломата. Самиот овој факт покажува дека наградата е неоопходна и соодветна. Му честитаме на Лиу Шијаобо на годинешната Награда за мир“
Апел за ослободување на Шијаобо
Шефот на Нобеловиот комитет, Торбјорн Јагланд, денеска ги остави медалот и дипломата на празниот стол во норвешкиот главен град. Јагланд од властите во Кина побара да го ослободат носителот на Наградата за мир. „Лиу само ги практикува своите граѓански права. Тој не направил ништо погрешно“, рече Јагланд додавајќи:
„Му честитаме на Лиу Шиаобо на Нобеловата награда за мир 2010-та. Неговите ставови, на долг рок, ќе ја зајакнат Кина. Нему и на Кина им ги упатуваме нашите најдобри желби за годините што доаѓаат.“
Нобеловата награда која се состои од диплома и медал, како и паричен дел од околу 1,1 милион евра би требало да остант во Осло, се‘ додека не ги подигне Лиу лично или негов човек од доверба.
Лиу беше осуден на 11-годишна казна затвор во 2009 година, поради „поткопување на државниот поредок“. За владата во Кина, Лиу, коавтор на Повелбата 08, која бара длабоки политички реформи во земјата, е „криминалец“.
Анти- кинески протести во Осло
Кинеската полиција вчера ја опколи куќата на Лиу и ги контролираше личните документи на сите кои доаѓале во неговиот дом. Извесен број новинари кои стоеле покрај куќата на Лиу биле затворени во специјален простор, а безбедносните сили принудиле голем број активисти, познати како опозиционо ориентирани, да го нашуштат Пекинг.
Вчера во Осло, пак, се одржаа анти-кинески протести. Околу 100 демонстранти се уаптија кон кинеската амбасада, барајќи ослободување на критичарите на режимот. Тие имаа намера во амбасадата да предадат петиција со над 100.000 потписи за ослободување на Лиу, но полицијата ги истера од дворот на амбасадата. Кина, освен тоа, вршеше притисок и врз дипломати на странски земји да не учествуваат на церемонијата во Осло. Така учеството го одбија 17 земји, меѓу кои и Русија, Иран, Венецуела, Пакистан и Куба.
Автор:ЕМФ/ГФ/дпа/кна/афп
Редактор: Симе Недевски