Нобеловките бараат засилен притисок врз режимот во Мијанмар
24 октомври 2007Реклама
Шест носителки на Нобеловата награда за мир денеска побараа од меѓународната заедница да го засили притисокот врз воениот режим во Мијанмар.На воената хунта не треба да и биде дозволено и натаму на најбезобзирен начин да ги крши човековите права,се вели во отвореното писмо на жените.ОН треба да се заложат за ослободување на лидерката на опозицијата Аунг Су Ки и другите политички затвореници.Ки,и самата носителка на Нобелова награда за мир во 1991 година,со години е во куќен притвор.Со барање за нејзино ослободување денеска ќе бидат одржани демонстрации во повеќе светски метрополи.