1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новата влада на Либија положи заклетва

СН/миа15 ноември 2012

Во Либија по повеќенеделни несогласувања заклетва положи новата влада на чело со премиерот Али Зајдан. Владата ја презема власта од привремениот кабинет, што управуваше со земјата од соборувањето на Моамер Гадафи

https://p.dw.com/p/16jVV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Новата либиска влада предводена од премиерот Али Зајдан положи заклетва пред Националниот конгрес. Зајдан кој стапи на функцијата во минатиот месец клучните ресори во владиниот кабинет им ги додели на партиски неопределени лица додека останатите министерски места им припаднаа на членови на исламистичките и на либералните партии. На заклетвата присуствуваа 20 министри. Седум министерски позиции се’ уште не се пополнети.

Во новиот владин кабинет меѓудругото недостасува министер за внатрешни работи кој ќе биде одговорен за безбедноста на земјата која е погодена од постојани безредија и судири. Кандидатот предвиден за таа функција но и две други личности предложени за министерска функцијата, според либиските медиуми не успеале да ја минат проверката пред Националната комисија за стандарди за чесност и патриотизам. Кандидатурите беа отфрлени поради тесни односи на предложените личности до стариот режим на Моамер ел Гадафи или пак поради обвиненија за корупција.

Четворица кандидати, пак, се’ уште се проверуваат од комисијата за претпоставени врски со стариот режим. Новата влада, меѓу другото, треба да воспостави контрола врз вооружените групи, кои минатата година се кренаа против силите на Гадафи.

Владата треба да ги изгради и либиските институции, а во случајот со армијата и полицијата ќе треба да почне речиси од ништо.