1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова американска политика во Ирак?

7 декември 2006

Специјалната американска комисија под водствто на дипломатот Џејмс Бејкер, во својот извештај ја предупред САД од нејзината политика кон Ирак. Постои опасност во Ирак да завладее хаос, се вели во извештајот на Космијата. Во него експертите меѓу другото препорачуваат и повлекување на војската од Ирак до 2008 година како и преговори со ирачките соседи Иран и Сирија.

https://p.dw.com/p/Ac18
Буш со Бејкер и Хамилтон
Буш со Бејкер и ХамилтонФотографија: AP

Извештајот на Бејкеровата група напишан на повеќе од 140 страници, не остава сомневање дека ситуацијата во Ирак е сериозна.

Ли Хамилтон, еден од претседателите на непартиската комисија истакна „Ситуацијата во Ирак е лоша и се влошува. Насилството се зголемува како во опсег така и во методите. Нападите врз американската армија и нивните загуби алармираат.“

Членовите на експертската комисија, кои извештајот го подготвуваа од март годинава, дадоа вкупно 79 предлози преку кои може да се одбегне, во Ирак да завладее хаос.

Прво американските трупи својот борбен налог треба да го пренасочат во налог за обука на ирачките безбедносни сили „САД треба да го зголемат бројот на нејзните војници за поддршка на ирачките трупи. Тогаш треба да се повлечат борбените единици на американската армија.“ истакна Хамилтон. Ова според препораките треба да се случи до пролетта 2008 година.

Второ владата на САД треба да го зголеми притисокот врз ирачката влада, да се заложи пред се‘ во процесот на национално помирување. Доколку не бидат постигнати овие цели, САД би требало да ја намали политичката, воената и економската помош за Ирак, препорачува комисијата

Третиот предлог на групата е: нов дипломатски ангажман. Поранешниот американски министер за надворешни работи Џејмс Бејкер „САД неодложно треба да почнат дипломатска офанзива за формирање меѓународна група за поддршка на Ирак. Со учество на ирачката влада за опсежно политичко, економско и воено стабилизирање на Ирак. Покрај Ирак, на групата би требало да и припаѓаат сите негови соседи вклучително Иран и Сирија.“ истакна Бејкер

Во оваа група според комсијата би требало да членуваат Египет, државите од Заливот, сите постојани членки на Советот за безбедност и претсавник на ЕУ.

На крајот Бејкеровата комсија препорача и да се вложат сите напори да се заврши Блиско источниот конфликт меѓу Израел и Палестинците.

Предлозите на групата експерти всушност се радикална промена на курсот во американската политика кон Ирак. Претседателот Буш, на препораките реагираше повеќе воздржано „Ова е многу критичен извештај за ситуацијата во Ирак. Извештајот содржи неколку навистина интересни предлози. Секој поединечен сериозно ќе го сфатиме и ќе делуваме во даден момент.“

Буш имено ќе почека на извештјот на неговиот совет за безбедност, на министерството за надворешни работи и американската војска, пред да донесе одлука за промена на политиката кон Ирак.