1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова афера со ЦИА,Буш не се сеќава

Aceska, Zana8 декември 2007

Американската тајна служба ЦИА според медиумите уништила видео снимки од испрашувањето на осомничени членови на терористичката мрежа на Ал Каеда

https://p.dw.com/p/CZ8y
Претседателот не бил навреме информиран?Фотографија: AP

Најмалку две видео ленти,на кои била регистрирана употребата на остри методи на испитување на осомничените во 2002 година,се уништени во 2005 година,објави вчера Њујорк Тајсм.

Ова е најава за голем скандал.Во 2002 година биле снимени т.н. тврди испрашувања на двајца затвореници.Критичарите претпоставуваат,се работело најверојатно за измачување,вклучувајќи потопување во вода,перфидни методи кои кај затворениците предизвикуваат чувство на давење и ги принудуват да зборуваат.

Можеби снимките прикажувале нешто друго,но тие се уништени.Еден од испрашуваните бил Абу Зубајдах ,близок соработник на Осама бин Ладен.

Зошто снимките биле уништени?Шефот на ЦИА Мајкл Хајден преку интернет објасни дека видео материјалот веќе немал никаква информативна вредност,бил ирелевантен за истрагата и ако бил објавен во медиумите,истражителоте ќе се најделе на мета на непријателите од Ал Каеда.Значи,снимките би биле опасни за агентите.

Белата куќа соопшти дека дури неодамна била информирана за случајот.Претседателот Џорџ Буш не се сеќава дека порано знаел за вакви снимки и нивно уништување,изјави неговиот портпарол Дана Перино синоќа за СНН.

Додека шефот на ЦИА тврди дека биле информирани и конгресмени,ниту од Републиканската партија,ниту од Демокартската не се сеќаваат на такво нешто.

Авторот на написот во Њујорк Тајсм Марк Мацети пренесува:

„Постојат конгресмени кои се чувствуваат лошо информирани,па и самиот Одбор за тајните служби .“

►◄