1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова грчка закана за вето на приемот на Македонија во НАТО и ЕУ

18 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BsF5

Грција нема да прифати прием на Македонија во НАТО и во ЕУ , се додека не се најде взаемно прифатливо име за таа земја – изјави денеска заменикот министер за надворешни работи на Грција Теодорос Касимис, одговарајќи на пратеничко прашање во грчкиот парламент. Според Касимис , и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбеднопсна политика Хавиер Солана неодамна рекол дека Грција ќе ја има целосната солидарност од Унијата во врска со прашањето за името . Грчкиот весник Елефтеротс Типос пак денеска пишува дека САД испратиле предупредување до Грција поради нејзината намера да стави вето начленството на Македонија во НАТО . Предупредувањето стигнало од новиот американски амбасадор во Атина кој вчера во говор пред комисијата за надворешна политика во Сенатот изразил надеж дека грчката влада нема да направи нешто со што ќе го дестабилизира регионот.