1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова демократија со остра критика за Иванов и Груевски

СН/АТ/макфакс/миа2 јуни 2012

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговиот ментор премиерот Никола Груевски го дестабилизираат Балканот, обвини денеска (02.06.2012) грчката десничарска партија Нова демократија.

https://p.dw.com/p/156vt
Фотографија: MIA

Најсилната партија во Грција, Нова демократија денеска реагираше на интервјуто на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, за скопскиот дневен весник „Дневник“ во кое тој вели дека Грција треба да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и да не поставува дополнителни барања и услови во преговодите за името.

Во соопштението потпишано од Панос Панајотопулос, одговорен за надворешна политика во Нова демократија се вели:

„Претседателот на Скопје покажува дека не научил ништо од исходот на Самитот на НАТО во Чикаго и од добиените резултати за неговата земја. Затоа, заедно со неговиот политички ментор, премиерот Груевски, продолжуваат со својот став да ја дестабилизираат безбедноста и стабилноста на Балканот, отфрлајќи ги иницијативите на Грција за изнаоѓање фер и трајно решение за нерешените прашања меѓу двете земји“.

Griechenland Mazedonien Bildkombo Flaggen
Фотографија: AP/DW Fotomontage

„Негирањето нема да ја промени реалноста“

Реакцијата се однесува на делот од интервјуто на Иванов во кое тој истакнува:

„Нема и нема да има промена на стратешките определби. Има два начина да се реализираат нашите цели: прво, Грција да ги почитува меѓународните обврски, кои самата ги презела.... второ, да биде конструктивна во разговорите за името и да се придржува до предвидената рамка и до она што е предмет на разговорите. Без постојано наметнување нови услови, барања и навлегување во идентитетските прашања за да можеме да дојдеме до заемно прифатливо решение“. Македонскиот претседател уште посочува дека идентитетот и јазикот се реалност која, како што додава, сакал некој или не, е тука, и може само да се почитува и да се констатира. „Каков било обид за негација или барање за промена – редефинирање не може да ја смени реалноста“, вели Иванов во интервјуто за „Дневник“.