1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова допинг афера на Тур д’ Франс

АТ/ дпа/ миа10 јули 2012

Францускиот велосипедист и учесник на велосипедската трка Тур д’ Франс Реми ди Грегорио е сослушн од француската полиција поради сомневање за вмешаност во допинг афера.

https://p.dw.com/p/15Unx
Фотографија: AP

Францускиот профеционален велосипедист Реми ди Грегорио на првиот ден пауза на годинешната велосипедска трка Турд д’ Франс е сослушан од страна на полицијата поради евентуална вмешаност во допинг афера. За да биде сослушан 26 годишниот велосипедист на тимот Кофидис денеска беше донесе во Марсеј, пренесуваат агенциите повикувајќи се на информации од полицијата.

Десет службеници пак извршиле претрес во хотелот, каде што е сместен тимот Кофидис во Бург ан Брес. Францускиот велосипедист веќе една година е под истрага како осомничен за допинг додека беше член на екипата Астана.

Тимот Кофидис по вторпат во пет години е изложен на ваква афера, откако во 2007 година еден од нејзините велосипедисти, Кристијан Морени беше позитивен на тестостерон, по што екипата се повлече од трката.

Ова не е првпат велосипедскиот спорт и Тур д’ Франс да бидат потресени со допинг афера. Неколку досегашни победници на велосипедската трка низ Франција, како Ленс Армстронг и Алберто Контадор, се осомничени или осудени дека се служеле со недозволени средства за да победат на Тур д’ Франс.