1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова жртва од пожарот на Корнати

3 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bb1P

Денеска почина и осмиот хрватски пожарникар од групата што настрада при гаснењето на минатонеделниот пожар на островот Корнати. Критична е состојбата на уште тројца пожарникари. Поради големата трагедија денеска во Хрватска е прогласен ден на национална жалост. Грчките пожарникари денеска соопштија дека се под контрола сите пожари кои десет дена беснееа во земјата. Економската штета од пожарите во Грција е проценета на 1,2 до 4 милијарди евра.