1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова партија на Албанците во Македонија

9 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Be4X

Во Тетово денеска е конституирана нова партија на Албанците во Македонија - Албанска демократска унија. Според нејзината програмска декларација, позицијата на Албанците во Македонија и натаму е тешка. Новата партија смета дека постоечките партии на Албанците поради непринципиелни интереси прифатиле инфериорна позиција и дозволиле опструкции на Рамковниот договор. За привремен претседател на новата партија е избран Бардил Махмути, донеодамнешен член на раководството на Демократската партија на Албанците.