1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова пратка американско оружје за Тајван

30 јануари 2010

Владата на претседателот Барак Обама официјално го информираше Конгресот за голема зделка со оружје за Тајван вредна 6,4 милијарди долари. Кина од своја страна предупредува од тешки последици по односите со САД.

https://p.dw.com/p/LnXF
Тајвански војници со ракета од типот „стрела 2“Фотографија: AP

Во зделката се содржани 60 „блек хок“ - борбени хиликоптери, ракети наменети за морски и копнени цели, како и ракети за против-воздушна одбрана од типот патриот „Пак3“ - соопштија одговорните власти на Министерството за одбрана во Вашингтон. „Со овој чекор американската влада јасно се определи за снабдување на Тајван со системи за одбрана, коишто му се потребни“, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Филип Кроули.

Остри протести

Кинеската влада остро протестираше против оваа зделка со оружје. Таа ќе им „нанесе големи штети“ на американско - кинеските односи, се вели во соопштението од кабинетот на заменик министерот за надворешни работи Хе Јафеи во Пекинг. Испораката на оружје би имала „негативно влијание врз многу области на размената и соработката меѓу двете земји.“

Chinesische Armee
Ќе има ли ново ѕвечкање со оружје? Кинески војници на парадаФотографија: AP

Според Пекинг, Вашингтон со ваква испорака на оружје го прекршува договорот од 1982 година, со кој изразува подготвеност за „постепено редуцирање на продажбата на оружје на Тајван“. Последен пат во 2008 година, американската продажба на оружје на Тајван ги оптовари односите меѓу Пекинг и Вашингтон. Кина реагираше со привремен прекин на воените контакти.

Владата во Пекинг смета дека по крајот на граѓанската војна во 1949 година, Тајван е одметната покраина што е дел од Народната република. САД во 1979 година со закон се обврзаа да го подржуваат Тајван по одбранбените прашања.

Автор:

Редактор: Горан Чутаноски