1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова провокација кај гробот на Сандански

Александар Чомовски18 април 2006

Македонија е бугарска,стои на транспарент кај Роженскиот манастир.Во Скопје е побарано објаснување од бугарскиот амбасадор

https://p.dw.com/p/AdeS

Македонија е бугарска.Овој транспарент над гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир го испишаа припадниците на ВМРО БНД,предводени од пратеникот Красимир Каракачанов.Властите во Софија речиси секоја година ги попречуваат асоцијациите на Македонците во оваа држава да ги одбележат годишнините од раѓањето или од смртта на пиринскиот цар,еден од водачите на македонскот отпор кон македонската империја.И во неделата припадниците на Македонското малцинство во Бугарија,собрани околу партијата Илинден,беа практично оневозможени да дојдат до гробот на Јане Сандански во пограничниот град Рожен.Ова е израз на национален шовинизам,изјави македоскиот амбасадор во Бугарија,Абдурахман Алити,кој сепак стигна до гробот на Сандански.ОМО Илинден и натаму е забранета партија на која бугарските власти не и дозволуваат да ги застапува интересите на непризнаеното македонско малцинство кај источниот сосед.И покрај одлуката на судот за човекови права во Стразбур да се признае постоењето на ОМО Илинден,властите во Софија не ја симнуваат блокадата. Припадници на ОМО Илинден во неделата делеле апел пред Роженскиот манастир во кој пишува :ние бараме подемократска и потолерантна Бугарија со признавање на македонското и другите малцинства.Попречувањето на ОМО Илинден да стигне до гробот на Јане Сандански во Скопје го предизвика и демаршот до властите во Софија.Во МНР вчера попладне беше повикан амбасадорот Михо Михов од кого било побарано објаснување за испишаниот транспарент –Македонија е бугарска.Бугарскиот дипломат потоа одбегна да го коментира македонскиот протест.Во измминативе 60 години во Бугарија е оспорувано постоењето на македонското малцинство.Обидите за негово асимилирање биле дел од политиката пред се на комунистичкиот режим,но и на плуралистичка Бугарија.Познат е отпорот на бугарските власти од раните 90-те години и претседателот Жељу Жељев,кои не го признаваа македонскиот јазик.Историчарите и натаму спорат околу националниот идентитет на повеќе национални и балкански личности кои ги поврзуваат двете земји.И официјална Софија долго време беше незадоволна од притаените забрани за обнова на загинатите бугарски војници од Првата светска војна во битолското село Цапари,кои беа уредени дури пред две-три години.