1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова рунда директни преговори за Косово

20 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CPZS

Властите во Косово се подготвени за независност но нема да донесат одлука за такво нешто без координација со САД и ЕУ, изјавија косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и лидерот на ДПК Хашим Тачи, пред почетокот на новата рунда преговори која денеска продолжи во Брисел. По одвоените средби на меѓународната тројка со делгациите на Белград и Приштина попладнево продолжуваат директните преговори. Претставникот на Унијата, Волфганг Ишингер изјави дека се надева на конструктивни разговори. Според ЕУ денешниот состанок ќе се води врз основа на 14 точки предложени од Тројката како и други предлози од преговарачките тимови. Советот на министри на ЕУ вчера ги повика двете страни да покажат поголема „флексибилност и позитивно и конструктивно да одговорат на иницијативите на Тројката“.