1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова рунда преговори

Александар Чомовски 29 април 2008

Македонскиот преговарач Никола Димитров денеска и утре ќе разговара со медијаторот Метју Нимиц. Кон крајот на неделата со медијаторот за спорот со името ќе разговара и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

https://p.dw.com/p/DqRg
Од поранешна средба на медијаторот со двајцата преговарачиФотографија: MIA

Преговарачот за името Никола Димитров замина во Њујорк, на нови разговори со медијаторот Метју Нимиц. Премиерот, Никола Груевски, не ја прифатил идејата на претседателот, Бранко Црвенковски за претходни консултации на државно-владиниот врв, што инаку досега беше вообичаена практика. Македонскиот претседател Црвенковски, инисистира на интензивни разговори со Атина за да се дојде до фер компромис и да не се блокираат на евро-атлантските процеси на Македонија.