1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова серија напади во Ирак

8 мај 2006

Во Ирак не прекинува серијата напади: за време на викендот нови скоро 50 жртви. Најспектакуларен инцидент беше паѓањето на еден британски хеликоптер во саботата во Басра, при што најверојатно загинаа петмина војници:

https://p.dw.com/p/Ae1p
Нема крај на нападите
Нема крај на нападитеФотографија: AP

Најтешкиот напад се случи вчера изутрина во светиот шиитски град Кербала. Загинаа најмалку 21 лице, повеќе од 50 се ранети, кога на автобуската станица во градот експлодираше автомобил бомба. Скоро истовремено во Багдад експлодираа две бомби при што загинаа девет, а се ранети 20 лица. На контото на ескадроните на смртта со голема сигурност одат и уште 40 лица чии тела беа најдени во Багдад во саботата и неделата. Сите беа врзани и убиени со истрел во главата. За идентитетот засега ништо не се знае.

За паѓањето на британскиот хеликоптер во саботата во Басра, британското министерство за одбрана засега молчи. Командантот на британските сили во Ирак, Џон Купер, вчера само изјави:

„Да, имаше инцидент. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства„.

Тамошната полиција сепак соопшти дека хеликоптерот бил погоден од ракета земја – воздух што често ги користат бунтовниците во Ирак. Во моментот кога војниците сакале да помогнат, биле опколени до група млади што ги нападнале со камења и молотовлеви коктели. Британците отвориле оган и убиле тројца возврасни и две деца.

Веројатниот напад врз хеликоптерот и ескалацијата што уследи потоа можат да ги одложат плановите на британската армија за редукција на трупите во Ирак.