1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новески го израмни рекордот за автоголови

18 февруари 2012

Хофенхајм и Мајнц ремизираа во премиерата на 22. коло во Бундеслигата. Новески го постигна шестиот автогол во кариерата. Рехагел на клупата на Херта

https://p.dw.com/p/145JP
Николче НовескиФотографија: picture-alliance/dpa

Иако вниманието пред мечот беше насочено кон новиот тренер на Хофенхајм, Маркус Бабел од кого во дебито пред домашните навивачи се очекуваше победа над Мајнц, македонскиот репрезентативец Николче Новески се најде во ударните наслови, од погрешни причини.

Во ремито, 1:1, на неговиот Мајнц, Новески го постигна шестиот автогол во бундеслигашката кариера со што се израмни на врвот на оваа статистика со Манфред Калц. Рекордот беше израмнет во 9. минута кога Новески го внесе центаршутот на Вукчевиќ во сопствената мрежа.

Да биде куриозитетот поголем, Новески си постигна автогол против истиот противник и во нивниот прв дуел сезонава. Мајнц сепак успеа да стигне до важен бод со голот на Мохамед Зидан во 29. минута.

Водечките наслови денеска сепак се посветени на најавеното спектакуларно враќање на фудбалскиот пензионер Ото Рехагел, и тоа на клупата на берлинска Херта. 73-годишниот Рехагел се согласил да го замени на клупата Михаел Скибе кој беше отпуштен по само пет меча и исто толку порази. Искусниот стратег сепак ќе причека неговиот нов тим да го одигра мечот со фаворитот и актуелен првак Борусија Дортмунд, пред да седне на „жешкото“ столче.

Griechenland Argentinien WM Fußball Weltmeisterschaft Otto Rehhagel
Ото РехагелФотографија: AP

Херта се наоѓа во долниот дел на табелата и само два бода ја делат од зоната за испаѓање.

Во својата богата кариера, Рехагел ја предводеше репрезентацијата на Грција до титулата на Европското фудбалско првенство во Португалија во 2004 година, а во Бундеслигата ги предводеше Бајерн Минхен, Кајзерслаутерн и Вердер.

Автор: БГ/афп/кикер

Редактор: Жана Ацеска