1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

221211 Reporter ohne Grenzen Jahresbilanz

23 декември 2011

Бројот на загинати новинари се зголемува пред се‘ во арапските земји, а најопасна земја е Пакистан. Но, и во Русија и Турција новинарите се‘ повеќе се изложени на репресалии.

https://p.dw.com/p/13Y8D

Последна жртва е кон власта во Дагестан критички настроениот новинар Хаџимурат Камалов. На 15 декември беше убиен со 14 истрели. Најопасна земја за новинарите е Пакистан. Таму беше убиен новинарот Фајсал Куреши и деветмина негови колеги. Нападите врз новинари годинава се значително побројни. Камерманот Ваел Микаил од Египет исто така загина затоа што се залагаше за слобода на печатот.

„’Репортери без граници’ бележи зголемување на репресиите врз новинарите секогаш онаму кадешто има граѓански војни или војни. Така беше во арапските земји, пред се‘ во Египет, Тунис, Јемен, Бахреин. Таму новинарите гинеа или беа цели на напади поради нивните извештаи“, вели Михаел Радиске од „Репортери без граници“.

Infografik Jahresbilanz Reporter ohne Grenzen ENGLISCH

Пред неколку дена турските новинари протестираа против зголемувањето на бројот на напади врз слободата на печатот. Во Европа условите за работа на новинарите се подобри, но не секаде. Радиске набројува:

„Имаме земји како Италија со Берлускони, или Франција во која доминира Саркози и неговите медиуми. Но, пред се‘, тука е Унгарија каде премиерот протурка закон кој официјално го потврди медиумскиот монопол на неговата влада.“

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Бетина Штекемпер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска