1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новиот косовски офицер за врска во Србија стапува на должност

СН/ЖА/бета22 јули 2013

Офицерот за врски на Косово во Србија, Валдет Садику, од денеска започнува да ја извршува должноста во Белград, пишува приштинскиот дневник Зери.

https://p.dw.com/p/19Bpz
Фотографија: picture-alliance/dpa

Валдет Садику е именуван на сегашната функција со декрет од претседателката на Косово, Атифете Јахјага еден ден откако Лулзим Пеци кој беше првоименуван на таа должност, поднесе оставка.
Пеци поднесе неотповиклива оставка поради, како што истакна, несогласување со премиерот на Косово, Хашим Тачи.
Во оставката доставена до претседателката на Косово Атифете Јахјага, Пеци тогаш напиша дека ја поднесува оставката поради критикувањето на Тачи за изјавата дека до нормализација со односите со Србија може да дојде дури кога Србија ќе го признае Косово. „Се надевав дека политиката на косовското раководство е во насока дека нема нормализација на односите на Косово и Србија без признавање на независноста на Косово од Белград, но изгледа дека ова раководство на Косово нема таква политика“, стоеше во изјавата на Пеци предадена на Косовското МНР.

Србија и Косово на 17 јуни разменија офицери за врски, кои имаат задача да ја олеснат комуникацијата во рамки на имплементацијата на Договорот од Брисел. Офицер за врска на Србија при Канцеларијата на ЕУ во Приштина е Дејан Павиќевиќ.