1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови бегалци во шпанската енклава Мелила

AT/афп/дпа24 февруари 2014

Голем број африкански бегалци навлегоа во шпанската енклава Мелила притоа употребувајќи невообичаено голема сила. Во инцидентот има и повеќе десетици повредени.

https://p.dw.com/p/1BEXd
Фотографија: picture-alliance/AP

Околу 100 африкански бегалци од Мароко денеска насилно влегоа на територија на Европската унија преку шпанската енклава Мелила. Вкупно околу 500 луѓе заеднички се обидоа да ги надминат блокадите по должина на границата, соопшти управата на крајбрежниот град. Нападот бил „многу насилен“. Напаѓачите употребиле гумени палки и камења против мароканските и шпанските граничари. Според податоците на мароканското министерство за внатрешни работи повредени биле 27 луѓе, меѓу нив и лица од страна на силите за безбедност.

Мелила како и град Цеута е шпанска ексклава на мароканскиот брег на Средоземното Море. Двете територии се копнена граница меѓу ЕУ и Африка и целна мигрантите од Африка. Во Мелила тие се обидуваат да ја преминат оградата од седум метри, додека во Цеута се обидуваат да ја минат границата преку плажата.

При една таква акција на 6. февруари се удавија најмалку 14 бегалци. Како последица на тоа во Шпанија се разгоре дебата околу односот на силите за безбедност, кои заедно со нивните марокански колеги ги одвратиле бегалците. Владата во Мадрид во меѓувреме призна дека употребила гумени куршуми, за да ги одбие бегалците.