1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови ветувања на Буш по една година од Катрина

30 август 2006

На првата годишница од Катрина, граѓаните на Њу Орлеанс се вратија во градот, но само да им оддадат почит на жртвите во катастрофата. Обновата се уште не е на повидок а претседателот Буш вети нова подобрена помош во вакви катастрофи. Даниел Шешкевиц испрати слика од регионот.

https://p.dw.com/p/Adxv
Трагите од Катрина се се уште видливи
Трагите од Катрина се се уште видливиФотографија: picture-alliance/dpa

Со богослужба во централната црква во Њу Орлеанс започна манифестацијата во спомен на жртвите кои настрадаа во ураганот Катрина минатата година. Меѓу присутните беше и американскиот претседател Џорџ Буш. Потоа на брегот семејствата на жртвите фрлаа цвеќиња во морето. Сојузната држава Лујзијана, каде се наоѓа и Њу Орлеанс беа најпогодените места во катастрофата. Таму загинаа 1600 луѓе. 85% од градот беше под вода и спасувачките екипи не можеа да стигнат до многумина. Американскиот претседател Буш призна:

„За жал ураганот донесе страшни сцени, какви се надевавме дека никогаш нема да ги видиме во Америка. Луѓе кои се дават во водата , други кои останаа гладни и дехидрирани на крововите од куќите, очајни мајќи кои во плач на телевизија бараат храна за децата, крах на безбедносниот систем и влада која потфрли во исполнување на задачите и обврските во вакви случаи“.

Но, Буш вети дека тоа никогаш повеќе нема да се случи.

„За да се осигураме дека регионот може да се опорави од несреќата, мора да бидеме сигурни и дека во следна слична ситуација ќе изреагираме навреме и соодветно“.

Буш вети и дека насипите кои го штитат брегот ќе бидат поправени до 2010 година. Но, граѓаните на Лујзијана се уште ја чекаат лани ветената помош од 110 милијарди долари. За разлика од државата Мисисипи каде се гледаат знаци на обнова, во Њу Орлеанс се уште стои сликата на уранатините од Катрина. Се уште само една третина од градот има струја, а две третини од училиштата останаа затворени и оваа училишна година. Градоначалникот Реј Нагин објасни дека граѓаните ја критикуваат власта за необновата на градот.

„Ова е многу тешка ситуација во која градот е целосно паднат на колена, економијата не функционира со месеци. И ние се бориме. Ова е град на луѓе кои се борат преку нивната болка.“

Повеќе од половина жители го напуштија Њу Орлеанс засекогаш, оти останаа без домовите и без услови за живот.