1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови жртви во Ирак

29 ноември 2004

Во Ирак немирите не стивнуваат. Дванаесет полицајци загинаа, а деветмина се повредени при експлозија на автомобил бомба во ирачкиот град Рамади. Во Самара, пак, утрото, одекнаа две експлозии и предзвикаа огромен одлив на нафта.

https://p.dw.com/p/AcJR

Ирак

Петмина американски војници, според последниот биланс, загинале во западниот дел од земјата, во борби со бунтовниците.

Но и покрај тоа, администрацијата на земјата е уверена дека сите операции ќе завршат до 30 јануари, за кога се закажани изборите за новата ирачка влада.

Текст:

,, Можеби спроведувањето на изборите ќе биде сложена операција, но граѓаните на Ирак се навикнати на предизвици,, изјави ирачкиот заменик шеф на привремената влада Бархам Салих по денешните разговори во Лондон со британскиот премиер Тони Блер.

,, Мнозинството ирачани сака да избере своја влада. И покрај тешкотиите во земјата, факт е дека војлата на народот во Ирак е да направи демократски избор за новото раководство,, додаде Блер.

Војниците од Британија, заедно со американските и ирачките сили учествуваат во операцијата триаголник на смртта, која има за цел да ги сузбие бунтовниците во Ирак кои се уште жестоко делуваат. Безбедносната ситуација, која се уште не е осигурана е еден од главните аргументи на седумнаесет политички партии во Ирак, кои побараа одложување на изборите во земјата за најмалку 6 месеци.

,, првата причина е поради тоа што треба да им се даде шанса на оние субјекти кои се опираат или се уште размислуваат дали да земат учество во иѕборите. Со нив треба да се разговара, за да се види дали можат да се прифатат некои нивни сугестии, како и да се натераат да земат учество во изборите. Втората причина, е секако, безбедносната ситуација, објавни Аднан пакачи,поранешен претседателски кандидат и еден од иницијаторите за одложување на ирачките избори.

Денеска во ирачкиот град Рамади , загинаа 12 мина ирачки полицајци, а деветмина се повредени, при експлозија на автомобил бомба, кој удрил во зградата на полициската станица во градот, при што се активирала експлозивна направа.

Во близина на Багдад, при напад на воен конвој загинаа тројца американски војници. Во нафтоводот во близина на Самара, две експлозии предизвикаа огромен одлив на нафта. Нападот врз нафтоводот се случува само 4 дена откако ирачаните во близина поставија 2000 војници, за да се грижат за беѕбедноста на нафтената инфраструктура.