1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови жртви во Сирија

8 август 2011

И покрај апелите од меѓународната заедница, сирискиот претседател Башар ел Асад не запира со крватата пресметка со граѓаните, кои се бунтуваат против неговата власт.

https://p.dw.com/p/12ClC
Oд Сирија доаѓаат само аматерски фотографии, влезот на странски новинар не е дозволенФотографија: picture alliance/abaca

Сириската армија вчера убила 52 цивили, од кои 42 во источниот град Деир ез-Зор, а останатите во Хуле во централната провинција Хомс.

Стотици жители на двата града се повредени, соопшти претседателот на организацијата Лига за човекови права Абдел Карим Рихауи.

Илјадници луѓе ги напуштиле градовите. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун уште еднаш го повика сирискиот претседател Башар Ел Асад да го сопре насилството.

Автор: БГ/ТТ/макфакс

Редактор: Горан Чутаноски