1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови жртви во судирите во Сирија

3 декември 2011

Во борбите меѓу сириските владини трупи и дезертерите денеска (03.12) загинале најмалку 17 лица. Претходно Советот за човекови права на ОН предупреди од избувнување на граѓанска војна во земјата.

https://p.dw.com/p/13LyU
Фотографија: AP

Сириските активисти за човекови права денеска за светските новински агенции пренесоа дека на северозападот на Сирија се водат борби меѓу трупите лојални на режимот на претседателот Башир ал Асад и дезертираните војници кои преминаа на страна на опозицијата. Притоа во градот Идлиб загинале најмалку седум војници и полицајци, пет дезертери и тројца цивили. Уште двајца цивили биле убиени во провинцијата Хомс, јавија активистите за човекови права.

Kommissarin der Vereinten Nationen für Menschenrechte Navi Pillay
Нави Пилај, Висок комесар на ОН за човекови праваФотографија: AP

Вчера Советот за човекови права на Обединетите нации со оглед на растечкото насилство на режимот на Башир ал Асад против опозицијата предупреди од опасност од избувнување на граѓанска војна во земјата.

Комесарката за човекови права на ОН Нави Пилај повторно побара од Советот за безбедност на ОН вклучување на Меѓународниот кривичен суд односно раководството на Сирија да биде обвинето за „злосторства против човештвото“.
Таа истакна дека нејзината канцеларија има доверливи информации според кои од почетокот на протестите во Сирија пред осум месеци убиени се значително повеќе од 4000 лица.

Автор: СН/ АТ/ дпа/ афп

Редактор: Александра Трајковска