1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови жртви на сириските тенкови

7 август 2011

Армијата ја продолжува офанзивата против демонстрантите во повеќе сириски градови. Режимот во Дамаск се оглушува на меѓународните апели за прекин на насилствата.

https://p.dw.com/p/12CZO
Фотографија: APTN/AP/dapd

Сириската армија денеска навлезе во градот Деир Есор на североистокот на земјата, кој е важен поради производството на нафта. Според информации на борците за човекови права, армијата убила најмалку 57 лица. Тие тврдат дека рано утринава во градот влегле преку 250 тенкови и други оклопни возила. Очевидци тврдат дека тие истрелале повеќе гранати. Армијата според јавувањето на Ал Џазира исто така навлегла со оклопни возила и во градот Хула во покраината Хомс, каде при навлегувањето на армијата биле убиени најмалку девет лица. Сирискиот претседател Башар ел Асад ја оцени офанзивата на армијата како „обврска на државата“, која мора да ги штити граѓаните од оние кои не го почитуваат законот.

Papst Segen Urbi et Orbi 2010
Апел и од папата Бенедикт ШеснаесеттиФотографија: AP

Папата Бенедикт Шеснаесетти и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун побараа од сирискиот режим итно да го прекине насилството против сопствениот народ. Според извори на ОН, Бан му ја пренел на Асад загриженоста на меѓународната заедница поради однесувањето на сириската влада кон демонстрантите во земјата. На меѓународните критики им се приклучи и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Неговата земја го губи трпението со режимот на Асад, порача Ердоган и најави дека во вторник ќе го испрати шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу во Дамаск за да им ја пренесе на тамошните власти решителноста на Турција. Претходно и земјите од Персискиот залив побараа окончување на насилството против опозицијата во Сирија. Од почетокот на протестите во Сирија се убиени најмалку 2.000 цивили, оценуваат борците за човекови права во земјата.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Жана Ацеска