1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови конфронтации меѓу ДУИ и ДПА

Свето Тоевски19 јули 2008

Причина е новиот собраниски деловник во кој не се предвидува целосна употреба на албанскиот јазик. За ДПА деловникот е нелегитимен. ДУИ е задоволна од можностите што ги носи новиот документ.

https://p.dw.com/p/EfHb
ДУИ и ДПА се обвинуваат за тоа кој ги штити барањата на АлбанцитеФотографија: Petr Stojanovski

Во македонското собрание, без присуство на опозцијата беше усвоен новиот собраниски деловник. Поради тоа што со него не се предвидува целосна употреба на албанскиот јазик, за Демократската партија на Албанците деловникот е нелегитимен. Потпретседателот на ДПА, Бесим Догани денеска потсети дека пред неполна година за ист деловник во кој се предвидувала многу поширока употреба на албанскиот јазик ДУИ поднел над илјада амандмани. Тој ги обвини од сега владината ДУИ, дека со овој потег ги продале националните интереси на Албанците. Според ДУИ сега се нудат многу повеќе можности за етничките барања на Албанците.