1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови напади во Ирак

17 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Brjb

Единасет лица загинаа, а над сто се повредени во два одвоени напади на автомобили бомби во Ирак. Едниот е извршен врз воена патрола во Багдад, а другиот врз полициска станица во северен Ирак. Иако степенот на насилство во делови на Багдаг и околината е намален од кога САД испрати дополнителни 30 000 војници за сузбивање на насилството, се уште се чести нападите врз ирачките безбедносни сили.