1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови напади на екстремисти врз Ромите во Чешка

БГ/бета7 јули 2013

Во судирот со полицијата во Чешке Будејовице (на фотографијата) во текот на ноќта биле уапсени околу 100 радикални националисти кои се обиделе да упаднат во ромска населба.

https://p.dw.com/p/193Kz
Фотографија: picture-alliance / ZB

Во центарот на Чешке Будејовице во саботата вечер (06.07) се собрале околу 400 луѓе, а на локалните радикални националисти напомош им дошле и екстремисти од другите краеви на Чешка.

Полицијата го затворила преминот кон ромската населба, а откако екстремистите почнале да извикуваат расистички пароли и „Чешка на Чесите“, градските власти им наредиле на демонстрантите да се разотидат.

Но масата се обидела да ги нападне Ромите во нивната населба, каде што биле дочекани од полициски кордон. Врз полицијата биле фрлани камења, шишиња и други предмети, но специјалните сили за разбивање на демонстрации и нивната коњичка единица успеале во судирот со екстремистите до доцна во ноќта да ги спречат да влезат во населбата.

„Во болницата во Чешке Будејовице лекарите згрижија осум луѓе, шест демонстранти и двајца полицајци“, соопшти портпарол на болницата во овој град на југот на Чешка.

„Полицијата на демонстрантите им заплени оружје и опасни предмети - безбол пали, метални мотки и гасно оружје“, изјави полициски портпарол.

Ова е веќе втор насилен протест на чешките екстремисти против Ромите за чиј повод, како и при првите протести на 29 јуни, послужи обична кавга на детско игралиште која се случила на 21 јуни и во која земале учество повеќе од 100 возрасни луѓе.