Нови поволности за привлекување странски инвеститори
23 декември 2006Реклама
Владата на Македонија денеска во Скопје го промовираше проектот за развој на технолошко – идустриски зони, чекор кој во Македонија треба да донесе нови странски инвеститори, но и да се зголеми конкуретноста во македонската економија. За да се привлечат компаниите за инвестиции владата подготвува и низа мерки и поволности за нив. Проектот веќе предизвика интерес кај странските инвеститори.