1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови протести во Москва против изборниот фалсификат

24 декември 2011

Во главниот град на Русија денеска (24.12) се одржуваат нови протести против фалсификување на изборните резултати, на кои, според анкетите, се подготвени да учествуваат 200 илјади луѓе.

https://p.dw.com/p/13Ym7
На протестите на 10 декември во Москва имаше 50 илјади луѓеФотографија: picture-alliance/dpa

Митинзи под слоганот „За чесни избори“ денеска и утре треба да бидат одржани во околу сто руски градови и дваесетина градови во САД и во Европа. Станува збор за продолжување на демонстрациите од 10 декември, кога на улица излегоа повеќе од 50 илјади луѓе барајќи поништување на резултатите од парламентарните избори одржани на 4 декември, на кои партијата Единствена Русија на актуелниот премиер Владимир Путин освои најголем број гласови.

Тие демонстрации беа најголеми откако Путин дојде на власт во Русија, во 2000-та година. Тој беше претседател на Русија од 2000. до 2008. година, а годинава повторно се кандидираше за претседателските избори во земјата кои ќе се одржат во март 2012 година.

Militär in Moskau nach Parlamentswahlen
Огромно присуство на полицијатаФотографија: dapd

На митингот ќе присуствува и Горбачов

Рускиот институт за проучување на јавното мислење објави дека, според анкетите што ги спровел, најмалку 200 илјади луѓе изразиле подготвеност да учествуваат на денешниот митинг. Според институтот, тоа говори за политичкото расположение во земјата и за тоа колку масовни ќе бидат протестите. На социјалните мрежи на интернет присуство на демонстрациите најавија околу 60 илјади луѓе.

Полицијата на организаторите, непарламентарните партии и на движењата за човекови права им даде дозвола за присуство на 50 илјади луѓе и не е јасно како ќе реагира доколку бројот на демонстранти биде поголем.

На митингот присуство најавија поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, претседателскиот кандидат и милијардер Михаил Прохоров и писателот Борис Акуњин.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/бета

Редактор: Е. М. Фиданоска



Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи