1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови разговори за Грција

БГ/бета/миа26 ноември 2012

Меѓународните кредитори денеска (26.11) на нова средба ќе се обидат да изнајдат излез од пат-позицијата во која се најдоа со помошта за Грција. Атина се‘ уште ги чека ветените пари

https://p.dw.com/p/16pi0
Фотографија: Reuters

Министрите за финансии на 17-те земји од еврозоната, претставниците на ММФ и на Европската централна банк, денеска на средба во Брисел повторно ќе се обидат да се договорат околу обезбедувањето на ветената следна транша помош за Грција во вредност од 44 милијарди евра.

Грција ги донесе сите реформи кои се бараа од земјата за да ги исполни условите за помошта, но проблемите кај меѓународните кредитори се јавија откако беше пресметано дека на земјата ќе и‘ требаат и нови, дополнителни средства, поради најавеното продолжување на роковите.

Германија и Европската централна банка се спротивставуваат на предлозите за ново бришење на дел од грчкиот долг, на што инсистира ММФ.

Грција веќе неколку месеци чека да добие транша од финансиската помош затоа што и недостасува готовина и состојбата може да доведе до банкрот.

Еврогрупата викендов одржа и телефонска конференција на која биле формулирани предлози за технички аспекти за стабилизирањето на грчкиот долг на среден рок.