1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови санкции против Иран

4 март 2008

Во атомскиот спор со Иран, Советот за безбедност на Обединетите нации по третпат усвои санкции против исламската република. За предложената резолуција вчера во Њујорк се изјаснија 14 од 15-те земји членки.

https://p.dw.com/p/DHhE
Советот за безбедност воведе нови санкции против ИранФотографија: AP

Станува збор и за веродостојноста на Советот, изјавија поддржувачите на резолуцијата, зашто Иран не ги исполни досегашните резолуции. Новата, чиј текст го предложија Велика Британија, Франција и Германија, е релативно умерена, па за неа гласаше и Либија. Се воздржа само Индонезија чиј амбасадор во Обединетите нации Марти Наталегава изјави:„Стратегиските цлеи од првите резолуции се исполните: Иран соработува со агенцијата за атомска енергија. Затоа новите санкции не се најдобриот курс„.

Досега неисполнетите барања за запирање на збогатувањето ураниум и натаму предизвикуваат сомнежи во Советот за безбедност. Американскиот амбасадор Залмај Кализад:

„Иран реши драматично да го зголеми бројот центрифуги. Иран повторно не го презеде чекорот на кој се надеваше светот, па советот немаше друг избор освен да дејствува„.

Кализад го запраша иранскиот колега што крие Иран, и на тој начин ја подвлече недовербата на Вашингтон. Иранскиот амбасадор Мохамед Казае од своја страна ги отфрли сите обвинувања и укажа на легитмното право на неговата земја за мирољубива употреба на атомската енергија.

Новите санкции предвидуваат натамошни ограничувања на патувањата и финансиите, насочени кон научници, политичари, фирми и банки што учествуваат во спорната атомска програма. За првпат трговски бојкот е воведен и за стоки кои не се користат само за воени цели. Ќе бидат посматрани две сомнителни банки, а нови трговски договори или кредити ќе бидат овозможени само со исклучително внимание. Усвоениот текст експлицитно исклучува употреба на оружје. Британскиот амбасадор Џон Сејверс од името на Европската унија најави нови преговори меѓу Брисел и Техеран. Советот ќе разговара за оваа тема повторно по три месеци.

Нови санкции против Иран

Во атомскиот спор со Иран, Советот за безбедност на Обединетите нации по третпат усвои санкции против исламската република. За предложената резолуција вчера во Њујорк се изјаснија 14 од 15-те земји членки.

Станува збор и за веродостојноста на Советот, изјавија поддржувачите на резолуцијата, зашто Иран не ги исполни досегашните резолуции. Новата, чиј текст го предложија Велика Британија, Франција и Германија, е релативно умерена, па за неа гласаше и Либија. Се воздржа само Индонезија чиј амбасадор во Обединетите нации Марти Наталегава изјави:

„Стратегиските цлеи од првите резолуции се исполните: Иран соработува со агенцијата за атомска енергија. Затоа новите санкции не се најдобриот курс„.