1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови средства од ЕУ за Македонија

22 декември 2003
https://p.dw.com/p/AeSO
Со најновата, четврта по ред транша на финансиски заем од 18 милиони евра, Македонија паралелно ќе добие и 8 милиони евра неповратни средства, а отплатата на главнината на кредитниот дел е одложена за 11 години. Последниот заем за Македонија за макроекономскиот развој е одобрен по оценката на група експерти од Брисел дека во земјата е остварен задоволителен напредок во исполнувањето на условите во врска со економската политика на структурни реформи, договорена во септември минатата година. Во текот на 1999 година министерскиот совет на Европската унија одобри макрофинансиска помош за Македонија од вкупно 80 милиони евра, 50 во форма на поволен заем и 30 милиони неповратна помош. Најновиот заем од 18 милиони и донацијата од 8 милиони евра, советот на министрите ги одбри на 10 декември 2001 со што вкупната помош за макроекономски развој, транзиција кон пазарна економија и стабилизација на државниот буџет беше зголемена на 98 милиони евра. Рамките на макроекономскиот развој на Македонија се усогласени со критериумите на Меѓународниот монетарен фонд, а финасиската поддршка од Брисел се одобрува пред се во согласност со прогресот во организацијата на јавната администрација и со обемот на јавната потрошувачка, потоа во согласност со процесот на реструктурирање на стопанството и состојбата во финансискиот сектор.