1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови судири во Киев

ЖА/ртре/миа11 јануари 2014

Повеќе луѓе се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите пред еден украински суд. Протестите во Киев беа одржани против претходно донесена пресуда на судот.

https://p.dw.com/p/1Aozl
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во судири меѓу демонстранти и полицијата синоќа во Киев беа повредени голем број луѓе, меѓу кои и поранешниот украински министер за внатрешни работи и еден од лидерите на тамошната опозиција, Јуриј Лученко.

Судирите се случија пред суд во Киев, каде се собраа голем број луѓе поради пресудата во случај против членови на ултрадесничарска организација, обвинети за организирање терористички заговор. По објавувањето на пресудата, со која тројца ултранационалисти се осудени на затворска казна од шест години за учество во заговор за минирање на статуата на советскиот револуционер Владимир Илич Ленин во 2011. година, демонстрантите го блокираа преминот што се користи за автобуси што носат плицајци.

Во Киев речиси два месеца се одржуваа протести на опозицијата против одлуката на претседателот Виктор Јанукович од 21 ноември да прекине подготовки за потпишување Договорот за асоцијација со ЕУ и наместо тоа постигна договор за соработка со Русија.