1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови фирми на берзата во Германија

25 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AeRu

Вложувачите и банките со возбуда ги очекуваат првите нови влегувања на берзата во Германија по 2002. На врвот од бумот на Интернет во годините 1999 и 2000 околу 300- те нови влезови се погрижија за голема раздвиженост на пазарот на акции, но потоа таквиот наплив јасно опадна, па минатата година остана без никаква нова емисија. За оваа година експертите очекуваат само во Германија 15 до 20 фирми кои имаат намера да се појават на берзата. Се додека курсот на пазарот со акции покажува правец надолу, се дотогаш останува бесмислен секој обид да се однесе нова фирма на берзата. Довербата на вложувачите беше лоша: милијарди и милијарди пари по завршувањето на берзанскиот балон на преминот на милениумите едноставно изгореа, а таквата лоша атмосфера по неограничената еуфорија и натаму се одржува. Резултат: минатата година беше првата во Германија по 1968 во која ниту една фирма не се појави на берзата. Сепак, економски гледано тоа е јасен недостиг кога не се користи таков важен финансиски извор каков што е пазарот за акции. Сега меѓутоа, сите знаци укажуваат барем на умерен пораст, храбрите повторно да се појават на паркетот. Тие притоа сметаат на парите од приватните инвеститори и на таканаречените институционални вложувачи како друштвата на фондови, банките и осигурувањата. Франц Јозеф Левен од германскиот институт за акции смета:

"Јас верувам дека многумина приватни вложувачи, но и институционални се уште располагаат со ликвидност извлечена од продажбата на акции. Тие имаат и големи количества заштеди. Но, предупредувам да не се дојде до заклучок дека курсевите на акциите и натаму ќе растат како досега. Таквиот тренд никогаш не е постојан, туку го турка побарувачката. Она што ни треба е растечка добивка на фирмите што претставува добра основа за нив. Тогаш се исплаќа купувањето акции. И тоа не само затоа што други купуваат акции за да ги покачат курсевите". Од кругови на банките може да се слушне дека фирмата Икс-ФАБ има намера во март премиерно да настапи на берзата. Икс-ФАБ е источно-германска фирма, доаѓа од Ерфурт и итно и се потребни пари: од една страна за изградба на производни капацитети, а од друга за намалување на долговите. По излезот на берзата фирмата практично би била без долгови и ќе има доволно пари во касата за да гради натаму силна позиција на пазарот. На сличното се надеваат и во Силтроник. И оваа фирма е активна во полуфабрикати и произведува силициумски плочи. Другите германски фирми кои имаат намера да се појават на лизгавиот берзански паркет се произведувачот на банковни автомати Винкор Хиксдорф, синџирот за авто делови Унгер и бродската фирма Хапаг Лојд, посестрима на туристичкиот концерн ТУИ.

Меѓутоа, сензација на годината секако ќе биде излегувањето на берзата на Постбанк. Германскиот паричен институт со најмногу муштерии на паркетот ќе биде воден од концернот мајка Дојче пост и се надева на приход од 2 ипол милијарди евра. Сепак, нерешителни речиси има меѓу сите кандидати за настап на берзата. На пример, јасно е дека фармацевтскиот концерн Баер има намера да ги појави на берзата своите производи под името Њуко, само не е јасно кога. Со возбуда се очекува и досега неколкупати одложуваната појава на Т-Мобајл. Оваа посестримска фирма на Дојче телеком повеќепати беше подготвена за завршниот скок, но поради неповолните рамковни услови постојано се повлекуваше. Сега се чини дека ќе биде направен нов обид. Франц Јозеф Левен е сигурен дека овојпат нема да бидат повторени грешките од минатото: "Мислам дека многумина вложувачи кои во моментов се активни научиле нешто од грешките, дека се станати попретпазливи и дека вкупниот систем пазар на финансии и капитал во моментов не е подготвен за нови претерувања. Сеќавањата се се уште доволно свежи. Но, уште кај Емил Зола во 19 век можеме да прочитаме дека берзите секои 15 до 20 години ги одбележуваат балони. Кога и да е тоа повторно ќе се случи, но не сметам на тавко нешто во наредните 5 до 10 години. Најнапред мораат да се појават нови генерации вложувачи кои ќе мислат дека тогаш ќе биде поинаку. И мораат да се акумулираат средства кај тие вложувачи кои соодветно ќе можат да бидат инвестирани. Во моментов гледам претпазлив пораст, точно посматрање на акциите во кои се инвестира и преку тоа развој на курсевите ориентиран врз фундаментални податоци". На пари од влезот на берзата патем, не се надеваат само фирмите: банки и економски експерти, советници на фирми и адвокати, но и рекламни агенции - сите се надеваат, по лошите времиња на криза со акциите, повторно да дојдат до добро парче торта.